По подолго време, ниту еден починат од Ковид-19 во Косово за 24 часа

Од:

Националниот институт за јавно здравство на Косово во својот редовен извештај за состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави дека во последните 24 часа, по подолго време, не е забележан ниеден смртен случај на лице заразено од коронавирусот.

Како што забележуваат домашните медиуми, ова е само второ деноноќие во последните три месеци без ниедна жртва на заразата.

ИКШПК, во својата последна објава, епидемиолошката ситуација со Ковид-19 во Косово ја оценува како „стабилна, со тенденција на намалување на бројот на нови случаи во наредните недели, како резултат на спроведувањето на препораките“ на здравствените власти.

Во последните две недели, нагласува Институтот, забележано е значително намалување, од дури 44 отсто, на бројот на заразени, така што активни носители на вирусот во моментов во земјата се 1.778 лица.

Во последните 24 часа забележани се 66 новозаразени, со што бројката на носители на вирусот од неговата појава кон средината на март годинава достигна до 15.208. Истовремено се регистрирани и 141 излекуван пациент, додека вкупната бројка на лица кои ја совладале болеста се искачи на 12.815. Досега починале вкупно 615 заразени. Вчера се извршени нешто повеќе од 500, а од почетокот на пандемијата вкупно 63.110 тестирања на лица за кои постоело сомневање дека се носители на вирусот.

Би можело да ве интересира

Анкета: Американците помалку му веруваат на Трамп откако тој се зарази со коронавирусот

Жарко Настоски

Коронавирусот не го одмина ни европскиот шампион Баерн, Гнабри е позитивен

Жарко Настоски

Бугарскиот претседател Радев во самоизолација откако имал контакт со заразен од Ковид-19

Жарко Настоски

Од четврток во Бугарија задолжително носење маски и на отворено

Жарко Настоски

НАТО донира 60 респиратори во Албанија

Жарко Настоски

Во САД ги фрлиле на отпад респираторите што им ги донира Русија

Жарко Настоски