По косовскиот премиер Хоти, и неговиот заменик Селманај заразен со коронавирус

Од:

По косовскиот премиер Авдулах Хоти, кој пред два дена објави дека е позитивен на коронавирусот, денеска и неговиот заменик, вицепремиерот Дритон Селманај, информира дека е заразен.

Тој веста ја објави на својата страница на Фејсбук, наведувајќи дека нема никакви симптоми.

– Вчера го направив тестот за Ковид-19 и денеска ме информираа дека сум резултирал позитивен. Здравствените специјалисти ми велат дека сум асимптоматичен. Од моментот на тестирање сум во изолација и вака сум принуден да останам и во наредните две недели, напиша Селманај, додавејќи дека должноста ќе ја извршува од својот дом.

Пред два дена, на 2 август, премиерот Хоти објави дека тестирањето кое го извршил дента покажало оти е носител на новиот коронавирус. Тој наведе дека нема видливи симптоми, освен лесна кашлица, и дека премиерските обврски во наредните две недели ќе ги извршува од својот дом, каде што ќе биде во изолација.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски