Пленковиќ во самоизолација, неговата сопруга e позитивна на Ковид-19

Од:

Откако добила лесна треска, сопругата на хрватскиот премиер Ана Маслаш-Пленковиќ, се тестирала за присуство на коронавирус во саботата, а нејзиниот тест е позитивен, објави хрватската Влада.

Како резултат на тоа, премиерот Андреј Пленковиќ е исто така тестиран за присуство на коронавирус, но неговиот тест е негативен.

На хрватскиот премиер му е изречена епидемиолошка мерка за самоизолација од 10 дена. Тој ќе продолжи да ги извршува своите активности и обврски од дома, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари