Петковиќ: На изборите во северно Косово гласаа 13 Срби

Од:

Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, одржа конференција и ги објави прелиминарните резултати од изборите на северот во оваа земја.

– Според веродостојните податоци што ги имаме, би ги објавил резултатите. Изборите беа антидемократски, се одржаа во контејнери, ги чуваше полиција, се обидоа да го натераат српскиот народ да гласа – рече тој.

„Од вкупниот број регистрирани гласачи на северот на Косово, односно од 45.095 гласачи, гласале 1.566 Албанци и 13 лица од српска националност, што е 0,029 регистрирани српски гласачи на северот на Косово и Метохија“, рече Петковиќ и додаде:

„Значи, 3,47 отсто од гласовите. Кога ќе ги споредиме со 2021 година, ќе видиме дека таа година за Српска листа гласале 10.833 гласачи, тогаш имало 1.056 албански гласови. Вкупниот број српски гласови во 2021 година бил 28.095, додека Албанци имало 2.015. Сега гласале 1.566, а Албанците 499 помалку од претходните избори, што значи дека не само Србите ги бојкотирале изборите“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски