Петков одржа видеоконференција со Столтенберг

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков одржа видеоконференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг фокусирана на прашања поврзани со продолжувањето на распоредувањето руски војници на украинско-руската граница, соопшти прес-центарот на бугарската влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софи9ја, во разговор бил споделен ставот дека мора да продолжат дипломатските напори за намалување на тензиите, но истовремено НАТО да биде подготвен за евентуално влошување на ситуацијата. Бугарскиот премиер Кирил Петков го информираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за одлуката на Владата во Софија да придонесе за колективната одбрана со воен батаљон со можност доколку е потребно да се пополнат празнините од земјите членки.

Во текот на разговорот беше реафирмиран водечкиот принцип во НАТО дека секоја одлука мора да биде поддржана од општеството и владата во соодветната земја-членка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Столтенберг: Нарушена довербата на Украина во НАТО поради доцнењето на помошта

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО