Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа

Од:

Пред ратификацијата и во пресрет на дефинирањето, нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа, порача претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, на средбата со неговиот словенечки колега, Борут Пахор.

Павлопулос ги коментираше, како што рече „неодамнешните изјави на функционери од поранешната југословенска Република Македонија“.

-Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето и пред неговата ратификација да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои што се своеволни и уште повеќе кога тие зрачат иредентизам. Потребна е голема внимателност од страна на соседната земја во целиот тект бидејќи уште ништо не е завршено. Тоа е јасно од наша страна и ќе кажам уште еднаш, како што велиме ние Грците, чистата сметка, парави добри пријатели, рече Павлопулос.

-Грчкиот претседател ги повтори и неговите позиции поврзани со трите грчки т.н. национални прашања, а меѓу нив и спорот со името и Договорот од Преспа, додека пак претседателот на Словенија го спомена Западен Балкан.

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, на покана на неговиот грчки колега, од денеска е во дводневна официјална посета на Грција.

Павлопулос рече дека само откако ќе заврши уставната ревизија согласно Договорот од Преспа, тогаш договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот Парламент, а соседната земја ќе може да добие покана за членство во НАТО и да започне пристапни преговори со ЕУ.

Рече дека Атина се стреми кон пријателски и добрососедски односи и “во пракса покажува дека ја поддржува перспективата во НАТО и Европската унија”. Но, додаде дека во однос на ова постои еден важен предуслов, решавање на прашањето со името и го спомена Договорот од Преспа.

-За да се реши прашањето со името како што се договориве, ќе треба да постојат промени во правниот поредок, а пред сѐ во Уставот на соседната земја. Промени за кои се договоривме да постојат согласно Договорот од Преспа и само кога ќе завршат овие промени во правниот поредок на соседната земја, само тогаш и кога ќе се утврди дека овие промени се во согласност со она што е договорно со Договорот од Преспа, само тогаш ќе може да постои покана за членство на оваа земја во НАТО, и само тогаш ќе може да оди напред било каков суштински интегративен процес. И тогаш, ќе биде можно да се дефинира и содржината на Договорот од Преспа, за потоа да дојде за ратификација во грчкиот Парламент, објасни Павлопулос.

Пахор, говорејќи за земјите од регионот рече дека е многу важно да има мирно решение на проблемите.

-Во земјите од Западен Балкан сега владее мир и би можело да остане така и во иднина, но ние треба да работиме на тоа. Би требало да го дадеме потребното внимание, да бидеме таму со нашите пријатели. Да им помогнеме во реформите, во помирувањето, во билатералните решенија на билатералните проблеми. Мислам дека би можеле да бидеме многу добри партнери, рече словенечкиот претседател и во негово име и во име на хрватската претседателка му упати покана на Павлопулос да биде гостин на еден од следните состанци на лидерите на Брдо-Бриони процесот.

Станува збор за процес во кој учествуваат Словенија, Хрватска,Босна, Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија. Мислам дека би било природни, ако и Вие како претседател на Грција, некогаш, можеби следната година или во следните години дојдете како наш гостин, да слушнете и да дебатирате, рече словенечкиот претседател.

Борут Пахор, на покана на неговиот грчки колега, од денес е во дводневна официјална посета на Грција. По средбата со Павлопулос, оствари средба и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески