ПАСОК сака да излезе од грчката владина коалиција

Од:

ПАСОК треба да си замине од коалициската Влада затоа што „политиката на меморандумот“ води кон масовно осиромашување на грчкото општество, бара група во ПАСОК.

Лидерот на партиската група „Лева Иницијатива“ Јоргос Панајиотакопулос на состанок на ПАСОК изјави дека барањето итно финансирање во рамките што ги поставуваа „тројката уценувачки кредитори“ ќе ја доведе земјата до масовна сиромаштија, комплетно зависна од капиталот на големите банки и целосно продавање на државната сопственост.

Тој додаде дека „Левата Иницијатива“ ќе ја преразгледа својата позиција во рамките на ПАСОК и ставот на партиското раководство.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски