Партија Неос: Курц да престане да „пали“ низ Балканот

Од:

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц треба да престане да „пали“ низ Балканот, велат Штефи Криспер и Дуглас Хојс од австриската партија Неос, реагирајќи на интервјуто кое поранешниот австриски канцелар го дал за Танјуг.

– ОВП со својот неодговорен пристап ја загрозува безбедноста на Западен Балкан и Австрија, оценуваат Криспер и Хојс во врска со изјавата на Курц дека Австрија ќе го прифати секе решение кое ќе го донесат Белград и Приштина во дијалогот, па дури и промена на границите доколку тоа придонесе за воспоставување одржлива стабилност.

– Не треба да се игра со промена на границите долж етничката линија, каква што замислуваат Александар Вучиќ и Хашим Тачи, предупредува Криспер.

Тој додаде дека поддршката на Австрија за таква опција би можела да предизвика истото да го побараат „националистичките сили“ на Балканот, што може да доведе до дестабилизација на целиот регион.

– Себастијан Курц застапува неодговорна и опасна надворешна политика, нагласи Хојс.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче