Парламентот на Црна Гора ќе гласа за доверба на Владата на Ѓукановиќ

Од:

Парламентот на Црна Гора денеска ќе се изјасни за доверба на Владата на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

За да добие доверба, Владата на Ѓукановиќ треба да биде поддржана од мнозинство од вкупниот број пратеници во Парламнетот, односно од 41 пратеник.

Владејачкото мнозинство има 44 пратеници, при што петмина од нив се од Социјалдемократската партија (СДП), помалиот партнер во владејачката коалиција. Лидерот на СДП Ранко Кривокапиќ во петокот најави дека неговата партија нема да го поддржи Кабинетот на Ѓукановиќ.

Премиерот Мило Ѓукановиќ побара гласање за доверба на неговата Влада на 29 декември минатата година. Во барањето за гласање доверба е посочено дека во поголемиот дел од мандатот на Владата, формирана во 2012 година, парламентарното мнозинство не му давало категорична политичка поддршка на коалицискиот кабинет, составен од неговата Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Социјалдемократската партија.

На претседателските избори во 2013 година социјалдемократите не го поддржаа кандидатот на ДПС, Филип Вујановиќ.

Доколку Владата не добие доверба од мнозинството пратеници, ќе бидат распишани предвремени избори, на кои според последните истражувања ДПС на Ѓукановиќ може да освои 45 отсто од гласовите.

Како што јави Фена, неколку илјади граѓани синоќа протестираа во Подгорица против Владата на Ѓукановиќ, на повик на опозицијата.

Тоа беше првиот дел од протестите на опозицијата собрана околу Демократскиот фронт, кој ги обединува претежно просрпските партии, а кој на импровизираното неформално „Народно собрание“ не му изгласа доверба на Ѓукановиќ и одлучи да формира преодна влада. Учесниците во протестите носеа претежно српски знамиња.

Вториот дел од протестите, како што е најавено, ќе се одржи денеска додека трае седницата на Собранието на која ќе се расправа за довербата на Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски