Пахор: Треба да се забрза меѓународното признавање на Палестина

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска изјави дека ги поддржува напорите на Словенија за признавање на Палестина како независна држава и оти меѓународната заедница мора да го забрза тој процес.

– Мислам дека созреа моментот меѓународната заедница со забрзана постапка да ја признае власта во Рамалах како влада на независна држава. Со тоа би и се дало поттик на Палестина и на Израел за конечно решение за постоењето на две независни држави, кои коегзистираат во мир, истакна Пахор.

И словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец вчера во Брисел истакна дека е за признавање на Палестина како независна држава но оти за тоа треба да се обезбеди поширок консензус.

На иницијатива на левичарската опозициска Здружена листа во словенечкиот Парламент на 28 ноември ќе се одржи вонредна седница на надворешнополитичкиот одбор за признавањето на Палестина. Поддршка изразија Словенечките демократи, кои се во коалиција со премиерот Миро Церар, како и повеќе претставници на Словенија во Европскиот парламент од различни партии.

Би можело да ве интересира

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците