Пацоли го поздрави изгласувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент

Од:

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкото Собранието, оценувајќи ја како храбар чекор, кој придонесува за иднината на двете земји и на цецлиот регион.

Косовското МНР, преку соопштение, ги пренесе честитките на Пацоли до грчкиот премиер Алексис Ципрас и до двете земји за, како што вели, храбите одлуки кои се во полза на Македонија и Грција, но и на целиот регион.

– Силно ја поздравувам ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот на Грција. Им ракоплескам на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на двете земји, за донесувањето на храбрата одлука за подобра иднина на Грција и Македонија. Ова е значаен чекор и за целиот регион, порача шефот на косовската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов