Отворен повеќенаменски нов центар за бездомници во Атина

Од:

Со капацитет да прими до 400 лица, со можност за дневен престој, преноќување и реинтеграција во општеството, општина Атина отвори нов центар за бездомници, а Националната организација за јавно здравје на Грција ги тестираше лицата за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од општината, веќе се регистрирани 100 граѓани кои се подготвени, од улиците да се „преселат“ во центарот што ќе работи 24часа, нуди оброци три пати на ден, а се состои од три дела: дневен центар, преноќевалиште и пансион.

Дневниот центар располага со бањи, тоалети и машини за перење, каде што бездомните лица може да се избањаат и да ја исперат нивната облека, но и простории со интернет и телевизија.

Преноќевалиштето е за бездомниците да имаат безбедно место да преспијат, а во пансионот можат да останат онолку колку што е потребно за да се реинтегрираат во општеството.

Во центарот има доктори, болничари, социјални работници и психолози за медицинска грижа и психолошко – социјална помош на лицата.

Претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција, во текот на вчерашниот ден ги тестираше за коронавирусот, бездомните лица кои го посетија центарот, а доколку се открие позитивен случај на Ковид-19, ќе се следи предвидената процедура на изолација во специјални простории во самиот центар.

Би можело да ве интересира

Хрисохоидис: Оградата кај Еврос ќе ја изградиме, бранејќи ги нашите интереси

А1он

Невреме во Грција – една жена загина, над 1.600 молњи, снег на планините

Ана Ололовска

Грција ќе распореди 400 полицајци на границата со Турција кај Еврос

Ана Ололовска

Грчкото Министерство за здравство по 72 дена нема да одржува секојдневни прес-конференции за Ковид-19

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мицотакис ги посети отворените локали во Атина уште од првиот ден на дозволата за работа

А1он

Мицотакис: На 15 јуни ќе се отворат копнените граници со соседните земји

А1он