Отстранети се видеата и згаснат е профилот на Инстаграм на убиецот Нермин Сулејмановиќ

Од:

Нермин Сулејмановиќ, убиецот од Градачац, денеска во крвавиот пир ја уби поранешната сопруга и уште две лица, татко и син. Полицијата информираше дека е повреден полицае и уште една жена и маж, на различни локации во градот.

Убиството на сопругата го пренесуваше во живо на Инстаграм, а потоа тоа повторно се јави и објави неколку фотографии. Во моментот кога полицијата го лоцираше, Сулејмановиќ се самоуби.

Неговиот Инстаграм профил е отстранет од Инстаграм.

– Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал при Федералната полициска управа при Сојузното Министерство за внатрешни работи, во соработка со МУП на кантонот Тузла и со одобрение наобвинителот ги тргнаа снимките од социјалната мрежа Инстаграм и собраа податоци за корисничкиот профил, проследени се до сајбер истражителите на МУП на Тузланскиот кантон – изјави шефот на Кабинетот на сојузниот министер за внатрешни работи Ервин Мушиновиќ.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски