Отстранета двојазична табла во Загреб

Од:

Од седиштето на српското културно друштво „Просвјета“ во Загреб, непознат сторител, отстранил латинично-кирилична табла.

На тој начин отпорот за воведување двојазични табли се прошири од вуковарското подрачје и на останатите хрватски градови.

Таблата не е скршена, туку симната и однесена, стои во полицискиот извештај, а се останато се истражува-дознава агенцијата „Хина“ од загребската полиција.

Српското културно друштво е централна културна, просветна и научна установа на Србите во Хрватска, со цел зачувување и развој на националниот идентитет.

Претседателот на друштвото, Чедомир Вишњиќ потврди дека утрово забележале дека ја нема таблата.

На овој случај му претходеа најновите настани во Вуковар, каде што во текот на ноќта помеѓу понеделник и вторник беа отстранети четири од пет двојазични табли на институции на локални самоуправи.

Според зборовите на претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ тоа за жал ја потврдува неговата оценка дека може да дојде до влошување на меѓунационалните односи и дека е неопходна дебата на која ќе се разбовара за почитување на Законот за правата на националните малцинства.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами