Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Од:

Гробот на најголемата љубов на Јосип Броз Тито се наоѓа скриен длабоко во шумата на дворскиот комплекс на Караѓорќевиќ и истиот не е запуштен, туку и ден денес се одржува по наредба на престолонаследникот Александар II Караѓорѓевиќ.

Имено, дворскиот комплекс на Караѓорќевиќ длабоко во себе крие една тајна и љубовна приказна за која што сигурно не сте слушнале ништо во рамките на часовите по историја.

Станува збор за големата љубов на маршалот Тито и неговата секретарка Даворјанка Пауновиќ Зденка, која што Јосип Броз ја погребал, и подигнал споменик и секое утро го посетувал нејзиниот гроб, плачејќи и оставајќи и ружа.

Српскиот портал ”Телеграф. рс направил ексклузивна репортажа од гробот на најголемата љубов на “најголемиот син на нашиот народ”, место кое што сега го одржува престолонаследникот Александар ИИ Караѓорѓевиќ.

Споменатиот интернет портал пишува за двете најпознати страсти на Јосип Броз Тито, парите и жените, нагласувајќи дека е тешко да се претпостави бројот на непознати девојки и светски убавици кои што уживале со него помеѓу чаршафите во креветот.

Сепак, познато е дека најголемата љубов на маршалот била Даворјанка Пауновиќ, поради што и ја погребал во шумата во околината на Белата палата, секојдневно посетувајќи и го вечниот дом, плачејќи и положувајќи свежо цвеќе – црвена ружа.

Она што е интересно е фактот дека гробот и ден денес се одржува, по наредба на Александар ИИ Караѓорѓевиќ, кој не дозволил било кој траг од Тито и комунизмот да се избрише и отстрани од домот на Караѓорѓевиќ, затоа што, како што тој изјавил, “само диктаторите ја бришат историјата”.

Според сведоштвата, Тито и Даворјанка се запознале во текот на ноќта пред војната, а тогаш младата и убава студентка по француски јазик, со модерен и провокативен стил на облекување, веднаш се вљубила во моќниот и мистериозен партиски водич

Авантурата прераснала во голема љубов и Зденка, како што ја нарекувал Тито, повеќе не се одвојувала од него. Во текот на војната, Зденка била главна придружничка на Тито во секој негов чекор, како негова лична секретарка.

Франц Лескошек во една прилика ја раскажал следната анегдота: “Како предводник на словенечката делегација, едно попладне имавме закажан состанок кај Тито. Чуварот ми рече дека може да влеземе, дека Тито не очекува, но кога влеговме во собата, немаше никој”.

Од соседната просторија слушавме воздишки и крици проследени со силно крцкање на креветот. Криците стануваа се погласни, изгледаше како креветот да се распадне, а луѓето воздивнуваа силно. Им реков на пријателите да излеземе надвор, да се прошетаме, затоа што претпоставувавме дека сето тоа нема брзо да заврши”, се присетил Лескошек.

Кога нејзиното влијание се зголемило дотаму што таа почнала да има свој удел во некои важни одлуки, било одлучено да се закаже состанок на најтесното партиско раководство со само една точка на дневниот ред: да се реши проблемот со Зденка.

По одреден период, Зденка се разболела од туберкулоза, поради што и заминала накратко во Русија, каде се лекувала, меѓутоа набрзо се вратила во Југославија за да биде покрај својот Тито. Сепак, болеста се вратила и таа умрела во 1946 година.

Сето тоа било голем удар за Тито, кој никому не кажал за смртта на својата голема љубов, туку наредил да ја погребаат во шумата околу Белата палата, која во тој период бил и неговата резиденција.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов