ОMД: Меѓународната заедница да ги осуди негирањата на верските слободи во Грција

Од:

Во пресрет на Меѓународниот ден на верски слободи, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја повикува меѓународната заедница најстрого да ги осуди негирањата на основните верски права и слободи за сите грчки граѓани од страна на грчката влада.

 На 27ми октомври светот забележува дека: “…секој има право на слобода на мислење, свест и вера…слобода да ја промени својата религија или убедување, и слобода да сам или во заедница со други, приватно или јавно, да ја манифестира нејзината/неговата религија, или убедување, преку подучување, практикување, одржување служби или обреди.” Ова право експлицитно е наведено во членот 18 од Меѓународната декларација за човекови права, стои во соопштението на ОМД.

 Грција, велат ,  е единствената земја-членка на Европската унија во која не постои вистинска поделба помеѓу црквата и државата. Грчката Православна Црква е државно-спонзорирано претпријатие, а свештениците се номинално сметани како јавни службеници.  Но, во практика всушност тие дејствуваат како политички инструменти за државна опресија, објави ОМД.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески