Околу 64 отсто од Грците не веруваат дека премиерот и владата не се поврзани со прислушувањата

Од:

Над шест од десет анкетирани, односно 64 отсто, одговориле негативно на прашањето дали ги убедила изјавата на грчкиот премиер дека Владата и тој лично не се поврзани со следењата на телефоните преку малициозен софтвер, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.

На конкретното прашање, позитивно одговориле само 18 проценти, а исто толку рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

За „кошничката за домаќинствата“, односно конкретните категории производи во супермаркетите чии цени треба да останат непроменети или да имаат минимално зголемување, речиси половина од анкетираните (49 отсто) рекле дека вклучените производи не ги покриваат нивните основни потреби.

На политичката сцена, владејачката Нова демократија и понатаму е во предност пред опозициската СИРИЗА со 7,3 отсто.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“ била спроведена од 10 до 18 ноември 2022 година со вклучени 1.000 граѓани со право на глас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски