Огромни колони чекаат за гласање во Црна Гора, до 13 часот излегле 54 проценти

Од:

Огромна излезност на изборите во Црна Гора уште од раните утрински часови, кога меѓу првите на гласачкото место се појави и за прв пат гласаше и Митрополитот црногорски-приморски Амфилохие. Тоа уште еднаш значеше и повик да излезат сите на гласање кои ја поддржуваат СПЦ.

Во долги редици се чека за гласање на парламентарните избори, петти по ред од осамостојувањето на Црна Гора. Овие избори Црногорците ги дочекаат како поделено општество, во атмосфера на заострена реторика на политичките актери, а животниот стандард и економскиот развој останаа во сенка на прашањата за идентитетот на државата, народот и црквата.

До 13 часот глаааа повеќе од половина од запишаните гласачи, односно 54, 1 проценти, што никогаш досега се нема случено. Во Подгорица гласале 54, 5 отсто, во Северниот регион 48,4 а на Југот 57,2 отсто од избирачите.

На парламентраните избори во 2016 година до 13 часот гласаа 39,9 отсто, а на парламентарните избори 2012 година излезноста до 13 часот беше 33,3 проценти.

Веќе гласаше и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, за кого велат дека неговата политичка опција ќе изгуби доколку излезноста е надмине 75 проценти.

Во текот на гласањето забележани се низа неправилности на гласачките места во Котор, Даниловград и Подгорица. На некои изборачки места не се почитуваат епидемиолошките мерки , а најчести неправилности се поврзани со фотографирање на гласачките ливчиња по гласањето или изговарање гласно на името на гласачот што е спротивно на правилата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски