Одложено гласањето за доверба на Владата на Ѓукановиќ

Од:

Претседателот на црногорскиот Парламент Ранко Кривокапиќ го одложи за утре гласањето за доверба на Владата на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

Гласањето е одложено по денешната седумчасовна расправа. Сите пријавени пратеници не успеаа да имаат обраќање. Дебетата ќе продолжи утре.

За да добие доверба, Владата на Ѓукановиќ треба да биде поддржана од мнозинство од вкупниот број пратеници во Парламнетот, односно од 41 пратеник.

Владејачкото мнозинство има 44 пратеници, при што петмина од нив се од Социјалдемократската партија (СДП), помалиот партнер во владејачката коалиција. Лидерот на СДП Ранко Кривокапиќ во петокот најави дека неговата партија нема да го поддржи Кабинетот на Ѓукановиќ.

Премиерот Мило Ѓукановиќ побара гласање за доверба на неговата Влада на 29 декември минатата година. Во барањето за гласање доверба е посочено дека во поголемиот дел од мандатот на Владата, формирана во 2012 година, парламентарното мнозинство не му давало категорична политичка поддршка на коалицискиот кабинет, составен од неговата Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Социјалдемократската партија.

Доколку Владата не добие доверба од мнозинството пратеници, ќе бидат распишани предвремени избори, на кои според последните истражувања ДПС на Ѓукановиќ може да освои 45 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски