Од појавата на коронавирусот во Црна Гора влегле околу 2.100 Кинези

Од:

Во Црна Гора во текот на месецот влегле околу 2.100 кинески државјани, соопшти црногорската полиција.

– Преки гранични премини во Црна Гора во јануари 2020 години евидентирани се вкупно 4.491 државјани на Кина. Од тоа евидентирани се 2.082 доаѓања и 2.409 заминувања на кинески државјани, посочи полицијата.

Најмногу кинески државјани – 1.538 во текот на јануари во Црна Гора влегле по копнен пат, додека 520 пристигнале со авион.

Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година и досега од него починаа над 560 лица, додека инфицирани се над 28.000 луѓе.

Поради превенција од коронавирусот на аеродромите во Црна Гора, граничната полиција ги анкетира патниците кои пристигнуваат од Кина, а доколку е потребно и Здравствено-санитарната инспекција ги прегледува патниците.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора