Од ЕУ фондови за Србија во следните седум години 1,5 милијарди евра

Од:

Во следните седум години во Србија од ИПА 2 фондови на Европската унија ќе бидат на располагање 1,5 милијарди евра, изјави денеска министерката задолжена за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.

– Цел е средствата да бидат наменети за оние проекти кои се оценети како стратешки и кои се технички подготвени и зрели за финансирање, изјави Јоксимовиќ.

Таа додаде дека е новост што со средствата нема да се финансираат поединечки туку сркторски проекти.

– Србија во следните седум години ќе учествува во осум програми за прекугранична и транснационална соработка. – неопходни се два услова за користење на средствата – квалитетен процес на програмирање, значи да се дефинираат приоритети, и проекти, изјави министерката.

Таа вели дека досега Србија била под критики дека немала доволно подготвени технички програми и оти немало административни капацитети за нивно спроведување.

Јоксимовиќ додаде дека во следните седум години на Србија годишно на располагање ќе и бидат по околу 200 милиони евра и секоја држава ќе може да конкурира и за дополнителни средства како еден вид награда за успешно спроведување на проектите од средствата од ИПА 2.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца