Нови шестмина заболени и исто толку излекувани од коронавирусот во Косово

Од:

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека вчера се потврдени нови шест случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 132, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според синоќешното соопштение на ИШПК, во текот на денот се тестирани примероците на 105 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот, а вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчера изнесува 1.605.

Сите нови случаи, според Инситутот, се заразени од контакти со лица, кај кои претходно е потврдено присуството на вирусот. Петмина од нив се од општина Пеќ, а во еден случај станува збор за лице кое било сместено во карантин во Приштина откако допатувало од странство и кај кого симптомите се појавиле седмиот ден од карантинот.

Како излечени денеска се потврдении шест нови случаи кај кои претходно било потврдено присуство на Ковид-19, со што вкупната бројка на лица кои од појавата на првите заразени, на 13 март, се излекувани достигна до 16. Во истиот период е забележан и еден смртен случај како последица на епидемијата, 82-годишен маж кој страдал и од други хронични болести.

Би можело да ве интересира

Во Бугарија укинат карантинот за граѓаните од ЕУ, Србија и Македонија

А1он

Уставниот суд на Косово ја објави одлуката со која се отвора патот за формирање нова влада

А1он

Дачиќ и амбасадорот на САД разочарани од Приштина со воведувањето на најновите реципрочни мерки

А1он

Основците во Грција се вратија во училишните клупи, носењето маска не е задолжително

А1он

Покрај пандемијата со Ковид-19, во светот и еболата зема замав

А1он

Неофицијално околу четири и пол милиони Французи се заразени од Ковид-19

А1он