Сплит со нови казни за туристите летово, некои се и по 300 евра

Од:

Консумирање алкохол на јавни површини, нужда на јавни површини, спиење во паркови, тревници, плоштади и други јавни површини; консумирање храна или пијалок на јавни површини, престој во угостителски објекти по завршување на работното време ќе се казни со 300 евра.

Одлуката за јавниот ред и мир ја донесе Сплитскиот градски совет. Построгите казни беа поттикнати од дивеењето на туристите кои уринираат по споменици, повраќаат по улиците и на различни начини го нарушуваат животот на локалното население, но и летниот одмор на мнозинството пристојни гости, што беше особено изразено минатото лето, кога неколку жители на потесниот дел на градот често се соочувале со примитивно дивјаштво.

Затоа Градскиот совет експресно забрани и изрече казни за некои активности што ниту еден нормален не би ги направил.

Забрането е и качување и седење на споменици и спомен-плочи; со парична казна од 300 евра ќе се казни влегувањето, качувањето и капењето во фонтаните и нудењето, но и склучувањето договор на такси услуга што не е однапред договорено. Глоба од 150 евра ќе се изрече и за повраќање на јавни површини, со иста казна како изведување на градежно-монтажни работи од 14 до 17 часот и од 22 до 7 часот.

Во текот на 90-те дена во туристичката сезона, секоја вечер од 22 до 04 часот на терен ќе бидат по десет лица од обезбедувањето за да и помогнат на полицијата.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари