Нови 19 случаи со коронавирус вчера во Косово, вкупно 184 заразени

Од:

Во текот на вчерашниот ден во Косово се регистрирани шест случаи на излекувани од новиот коронавирус, како и нови 19 носители на вирусот, со што официјалната бројка на заразени од Ковид-19 во земјата достигна до 184, објави Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК).

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во вторникот во лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК се тестирани примероците на 259 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 2.352.

Најмногу од случаите кои вчера резултираа позитивни на новиот вирус, вкупно осуммина, се од општина Вучитрн, по тројца се од Малишево и Приштина и по еден од Урошевац, Гњилане. Ѓаковица, Клина и Каменица. Сите новозаразени се случаи на контакти со лица кај кои претходно било утврдено присуството на Ковид-19.

Oд појавата на првите заразени, на 13 март, досега како излекувани од коронавирусот се потврдени 30 лица, а во истиот период се забележани и пет смртни случаи. Сите починати, според ИШПК, страдале и од други тешки болести.

Би можело да ве интересира

Израелскиот амбасадор во Србија: Веќе го признавме Косово на 4 септември

А1он

Карл Билд: Србија кога-тогаш ќе мора да го признае Косово

А1он

Самоопределување: Трамп ги рехабилитира српските воени злосторници

Ана Ололовска

Заедничка седница на владите на Албанија и Косово в петок во Скадар

Ана Ололовска

Гренел денеска во Приштина

Ана Ололовска

Американска државна делегација и Гренел во посета на Косово, Србија, Грција и Израел

Ана Ололовска