Новата учебна година во Албанија ќе се одвива комбинирано и во три смени

Од:

Пред почетокот на новата учебна година, која за првпат ќе се одвива во услови на пандемија, албанскиот премиер Еди Рама им порача на одговорните во образованието „ноќта да ја претворат во ден и да ги спроведуваат препораките до милиметар“.

Рама на одржаниот состанок со раководителите на регионалните управи и локалните канцеларии за образование, упати јасна и отсечна порака дека строго треба да го почитуваат, од збор до збор прирачникот подготвен од Министерството за образование, спорт и млади, за заштита на здравјето на учениците, но и на нивните родители,пренесуваат албанските медиуми.

-Според последната одлука на Владата наставата од првото полугодие од учебната 2020-2021 годна, почнува на 14 септември и тоа една недела со физичко присуство, една недела онлајн. Во 1.097 училишта ќе се одвива во една смена, во 472 училишта во две и во 183 училишта во три смени. Наставниот час ќе трае 30 минути а во учлница ќе има до 20 ученици. Во секое училиште ќе има по еден здравствен работник. Сите училишта преземаат мерки и активности за почеток на новата учебна година и ви порачувам ноќта да ја претворите во ден за целосна заштита на здравјето на децата а и на нивните родители, порача Рама.

Тој вели дека тешкотијата поради пандемијата е најголемиот предизвик што треба да се надмине во оваа учебна година и оти неопходно е залагање од сите, со оглед на големото значење на здравјето на сите и со оглед на тоа што децата не се целосно имуни на овој вирус.

Од вчера до 11 септември, во 600 училишта во земјата се одвива дополнителна настава за над 5.400 ученици од прво до петто одделение, кои немале можност да следат онлајн настава во периодот март – мај, кога училиштата беа затворени поради пандемијата.

Главно станува збор за деца од ромската и египќанската етничка заедница, како и оние од повисоките планински населени места.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Собираат пари од родителите, а не кажуваат како ги избрале фирмите за ужина, униформи, фотографирање на учениците

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески