Нова демократија: Режирана разделбата на Ципрас и Каменос

Од:

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија за последните случувања во грчката Влада коментира дека станува збор за режирана разделба на Ципрас и Каменос, „претстава што има за цел ратификација на Договорот од Преспа, останување на СИРИЗА на власт и задржување на фотелјите од страна на Каменос и неговите пратеници”.

-Затоа всушност и господинот Каменос му позајмува на господинот Ципрас двајца пратеници за да му дадат глас за доверба, без да ги избрише од пратеничката група на Независни Грци. Оваа невкусна и штетна претстава треба да заврши. На гласањето за доверба на Владата, секој пратеник што ќе го поддржи господинот Ципрас, презема одговорност пред историјата, соопштуваат од Нова демократија.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески