Нов протест на студентите во Грција

Од:

Да се отворат факултетите, да не се воведе универзитетска полиција и да не се имплементира новиот закон за високо образование, изгласан во Парламентот, се барањата на грчките студенти кои денеска ќе одржат нов протест, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако новиот закон пред две седмици доби зелено светло од грчките пратеници, студентите не се откажуваат од нивната битка и велат дека веќе еден месец ги преполнуваат улиците во Атина, а нивните слогани и барања гласно се слушнаа.

-Владата во време на пандемија го донесе законот, со надеж дека ќе не фати на спиење за да не наиде на реакции, но големите демонстрации ѝ ги уништија плановите. Успеавме, во услови на пандемија, и покрај мизерните забрани, да ја покажеме нашата сила. Преку нашата колективност и организација ќе ја продолжиме нашата борба за законот да остане на хартија и да се вратиме на факултетите, соопштуваат од студентските здруженија кои го организираат денешниот протест во Атина.

И покрај карантинот, студентите од крајот на јануари одржаа низа протести како во Атина, така и во другите грчки градови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски