Ноа била многу заљубена во Огнен кој крвнички ја уби и ја искасапи

Од:

Телото на Ноа Миливојев беше пронајдено вчера во стан на улицата Цар Лазар, откако по неа се трагаше од 17 јуни. Роднините на Ноа велат дека таа била заљубена во човекот кој ја убил, а тој ја искористувал.

-Беше заљубена во него, а тој ја претепа и ја навлече на секакви дроги. Ја користел кога му требало, па ја „шутнал“ надвор. Потоа таа се врати овде. Штом ја повика, таа ги спакувала работите и се упатила кај него. Кога ја упропасти, тогаш ја отфрли – велат роднините на Ноа за Телеграф.рс.

Тие наведуваат дека ја поддржале многу пати во животот.

-Попрво би се повредила себеси отколку некој друг. Родителите на Ноа имаат четиримесечно бебе… Ова е страшно. Во врска беа неполна година, тој постојано ја напушташе. Таа слепо му веруваше – додале тие.

Ноа често престојувала кај баба и дедо во населбата Шангај, всушност дел од времето живеела со родителите, а дел со нив.

Како што објаснија, родителите на Ноа Миливојев заминале во Белград.

Непосредно пред убиството влегла во конфликт со Огнен Д. (33). Таа викала и сакала да си ги врати личните работи. Недолго потоа, осомничениот за убиството бил виден како вади женски работи од станот, но никој не знаел каде ги однел.

Тој вчера во полиција призна дека го извршил убиството, па беше уапсен.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

(ВИДЕО) Потресни сцени на одбележувањето на трагедијата во „Рибникар“: Луѓето чекаат во редици да им оддадат почит на убиените деца

А1он

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он