Ниш: Падна гумена играчница и „затрупа“ деца

Од:

Група деца вчера биле кратко затрупани под голема гумена играчница во паркот „Чаир“ во Ниш, откако откажала пумпата за надувување со воздух.

Мајка на едно четиригодишно момче изјави дека децата имале голема среќа што никој не е повреден во инцидентот, но сите биле сериозно преплашени.

– Играчницата на надувување во еден момент се урна преку децата. Ги извлекувавме како знаевме и умеевме. Мојот сопруг успеа нашето дете да го извлече последно. Гумата која падна преку децата е претешка и внатре нема кислород. Сите бевме исплашени, а некои луѓе почнаа да врескаат, изјави мајката.

Според неа, човекот кој наплатува билети за влез во играчницата истакнал дека пумпата откажала и „оти тоа се случува“. Потоа тој повторно ја напумпал играчницата и продолжил да работи како ништо да не се случило.

Родителите најавија дека вчерашниот инцидент ќе го пријават до надлежните служби бидејќи била загрозена безбедноста на децата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Кога велат немојте со Русите, Кинезите, ние велиме – сакаме, тоа е наш интерес

Вучиќ: Никој не ни нуди поделба на Косово, ништо нема да ни дадат

Курти: Дијалогот со Белград ќе го водам јас, а не Тачи

ВИДЕО: Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе

Ана Ололовска

„Новости“: Србија годишно ја напуштаат околу 51.000 луѓе

Ана Ололовска

Во Нови Сад трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама

Ана Ололовска