Николиќ потпиша указ за учество на српски војници на Парада на победата во Москва

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ потпиша указ со кој им се дозволува на единици на српската армија да учествуваат на Парадата на победата на 9. мај во Москва.

– Српската армија ќе учествува на Парадата на покана на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, соопшти српското Министерство за одбрана.

Шојгу посочи дека Русија поканила воени единици од 16 пријателски држави и членки на антихитлеровската коалиција. Девет земји го потврдиле учеството, две откажале, а другите се уште не одговориле.

Предвидено е на овогодинешната Парада на победата да учествуваат 15.000 луѓе. На парадата пред пет години на Црвениот плоштад учествуваа 11.135 војници и офицери.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ