Николиќ ќе дозволи отворање на трезорите на Тито

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ ќе дозволи отворање на депоа во Народната банка на Србија (НБС) со оставштина на Јосип Броз Тито, објавуваат Новости.

Кабинетот на претседателот на Србија ќе дозволи да се отворат трезори во НБС во кои некогашното претседателство на СФРЈ чувале драгоцености кои останале по смртта на Тито.

– Во почетокот на неделата испративне допис до Суд во Белград пред кој се води оставинска постапка по смртта на некогашниот претседател. Наведовме дека како правен наследник на Претседателството на СФРЈ, согласни сме да се отворат депоата, изјави советникот во Кабинетот, Оливер Антиќ за весникот.

Тој додаде дека се чека судијата да одреди датум кога ќе се отворат сефовите.

Во 11 вреќи што се во трезорот на НБС како што претпоставуваат адвокати, може да се најдат само последните плати на Тито, авторски хонорари за книги и нешто злато и накит. Таму би требало да биде се што е затекнато по смрта на Јосип Броз во претседателската вила во Ужичка 15.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија