„Независне новине“: Граѓаните на БиХ ниту сендвич не смеат да внесат преку границата со Хрватска

Од:

Граѓаните на Босна и Херцеговина немаат право да внесат ниту сендвич со месо или месни преработки во Хрватска, додека граѓаните на Европската унија такви проиводи можат да внесуваат во неограничени количини, пишува весникот „Независне новине“.

Овие правила меѓу останатото се дефинирани со мерките за царински надзор, кои ги спроведува Царинската управа на Хрватска над патниците кои патуваат во или од т.н. трети држави, кои кои спаѓа и БиХ.

Пред неколку дена босанската јавност беше шокирана од постапката на хрватскиот цариник, кој на бремена жемна на граничниот премин Градишка и одзеде два сендвичи.

Потоа се испостави дека тој всушност само го почитувал законот и прописите, бидејќи во одговорот, кој бањалучкиот весник го добил од Царинската управа на хрватското Министерство за финансии се наведува дека каков било вид месо или производи од месо, млеко и производи од млеко граѓаните на БиХ нема да смеат да внесуваат во Хрватска, односно во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик