Незадоволните работници од Тузла стигнаа на границата со Хрватска

Од:

Дел од револтираните работници од четири банкротирани фабрики од босанскиот северен град Тузла денеска пристигнаа пеш до градот Орашие, што се наоѓа на границта со Хрватска, јавија хрватските медиуми.

Босанските работници планираат да бараат азил во Хрватска или некоја друга земја членка на Европската унија. Тие денеска ќе се обидат да влезат во Хрватска.

На почетокот на својот 77 километарски протестен марш во средата работниците изјавија дека ќе бараат помош во која било земја членка на ЕУ. Демонстрантите бараат од кантонските власти во Тузла да добијат еднократна помош од 400 конвертибилни марки или 200 евра, да ги добијат заостанатите плати и да можат да користат некои од работничките права како придонеси за пензија.

На протестниот марш учествуваат околу 200 работници. Тие се работници од фабриката за обувки „Аида“, фабриката за мебел „Конох“, леарница за челични делови и фабриката за детергенти „Дита“.

Во Босна и Херцеговина невработеноста достигнува над 40 проценти. Според постоечките закони не е дозволено намалување на бројот на работници, но често вработените остануваат без исплатени плати. 

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик