Незадоволен од терминот „џаболебар“ во насловот, победникот во лежење во Црна Гора упаднал во редакција и кршел инвентар

Од:

Жарко Пејановиќ, кој победи на 12-от натпревар во лежење во Црна Гора, упаднал во просториите на дневниот весник „Дан“ и физички ги нападнал вработените, кршејќи инвентар, бидејќи во информацијата за неговата победа го нарекле „најголем џаболебар“.

Настанот се случил синоќа и во таа прилика биле повредени технички уредник и новинар.

Натпреварот во лежење се одржува секоја година во „Етно село Монтенегро“ во Брезна. Пејановиќ е годинашниот победник по 55 часа непрекинато лежење. Порталот појаснува дека „најголем џаболебар“ веќе неколку години е востановената титула за победникот на овој веќе традиционален натпревар.

Пејановиќ, се вели, почнал да прави хаос веќе во рекламниот оддел на „Дан“, па продолжил и во другите редакции. Полицијата интервенирала и тој бил приведен.

Инаку, речиси сите портали во Црна Гора и регионот објавија за натпреварот и сите го користеа „најголем џаболебар“.

По тој повод и полицијата излезе со соопштение во кое прецизираше дека Пејановиќ физички го нападнал техничкиот уредник на редакцијата А.Ј. и го скршил стаклото и дел од инвентарот во овие простории. А.Ј. во оваа прилика се здобил со повреди во вид на гребаници на раката.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора