Ненад Калуѓеровиќ на распит во црногорското обвинителството

Од:

Во црногорското Вишо државно обвинителство (ВДТ) вечерва е сослушан Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње во својство на граѓанин, потврдила за „Вијести“ шефицата на ВДТ, Лепа Меденица.

Како што пренесуваат „Вијести“, освен него, во ВДТ исказ дале уште неколку сведоци, а претходно биле сослушани уште неколку лица.

Се претпоставува дека Калуѓеровиќ го застрелал Вук Бориловиќ кој во петокот уби 10 лица во населбата Медовина во Цетиње.

Полициската управа соопшти дека сè уште се утврдуваат околностите, дали смртта на Бориловиќ настанала како последица на тешко ранување при судир со полицијата или последователно истрелување проектил на сè уште неутврден начин од граѓанин.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора