Немирно утро во Грција, регистрирани три земјотреса

Од:

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава нешто по 6 часот и 30 минути во близина на грчкиот остров Евија, а земјотресот е почувствуван и во Атика, пренесува Катимерини.

Речиси еден час подоцна, следеа два нови земјотреси, во истото подрачје, со јачина од 4,1 и 4,2 степени според Рихтеровата скала, пишува грчкиот весник.

Епицентарот на првиот земјотрес бил лоциран во морското подрачје, на пет километри од брегот на Заракес на Евија, на југоисточната страна на островот и бил на длабочина од 13,3 километри.

Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски