Нема да се одржи предизборната ТВ дебата на лидерите на грчките политички партии

Од:

Телевизиската дебата на претседателите на СИРИЗА, Нова демократија, Движење на промена, Комунистичката партија и Сојуз на централисти, закажана за 1 јули, нема да се одржи бидејќи претставниците на грчките партии не успеаја да се договорат за нов термин, откако претходно одредениот, потребно беше да се смени поради вонредниот самит на ЕУ на 30 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Учеството на грчкиот премиер Алексис Ципрас на ЕУ самитот беше причината од неговиот кабинет да побараат нов датум за одржување на ТВ дебатата, по што денес, претставниците на партиите одржаа состанок за да одредат нов термин. Но, разговорите завршија без да биде постигнат договор.

По завршувањето на состанокот, грчките политички партии си упатија меѓусебни обвинувања и префрлања на одговорноста за неуспешноста да се одреди нов термин. За сега, нема информации дали претставниците на партиите ќе одржат нов состанок и нов обид да се најде заемно прифатлив датум за одржување на ТВ дебата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски