Наскоро решавање на статусот на Црногорците на Косово

Од:

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и неговата косовска колешка Атифете Јахјага денеска истакнаа дека очекуваат во најбрзо време да се реши прашањето за статусот на Црногорците на Косово, со што ќе се создадат услови за размена на амбасадори меѓу двете земји.

Вујановиќ и Јахјага се сретнаа во Драч, каде учествуваат на самитот на претседателите на Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово.

Јахјага изјавила дека е во завршна фаза обезбедувањето на автентично претставување на црногорското малцинство на Косово и дека постои целосно расположение овој процес да се забрза.

Таа, како што се наведува, и честитала на Црна Гора и нејзината Стопанска комора за успешно организираната средба на претставниците на стопанските комори на Србија и Косово, со што се отвора можност за натамошно унапредување на економската соработка. 

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски