Најдени телата на осум мигранти од потонатиот брод во близина на Бодрум

Од:

Пронајдени се телата на осуммина мигранти од бродот што потона во Егејско Море во близина на Бодрум, западна Турција, соопшти денеска Турската крајбрежна стража.

Во соопштението е наведено дека успеале да спасат 31 мигрант, чија националност не е наведена. На бродот имало 40 мигранти.

Локалните власти соопштија дека во 7 часот и 20 минути по локално време добиле тревога и додаваат дека несреќата се случила неколку километри од грчкиот остров Кос.

Во Турција има околу четири милиони мигранти и бегалци, кои претежно доаѓаат од Сирија.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека од почетокот на годината настрадале 555 мигранти во обид преку Средоземно море да стигнат до Европа.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски