Над пет милиони Турци досега ја примиле вакцината против коронавирусот

Од:

Во Турција повеќе од пет милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцина против коронавирус, развиена од кинески Синовак-Биотек, како дел од кампањата што започна пред еден месец, соопшти Министерството за здравство.

Анкара започна да вакцинира на 14 јануари со вакцинирање на здравствените работници и повозрасните лица. До денеска, повеќе од 5,2 милиони луѓе примиле барем една доза од вакцината. Од нив, околу 900.000, вклучително и високи државни службеници, добија и втора доза.

Турција, која има над 38 милиони жители, има намера да ги вакцинира наставниците подоцна во текот на месецот, пред отворањето на училиштата во целата земја на 1 март.

Претседателот Тајип Реџеп Ердоган рече дека ќе започне постепено враќање во нормалниот живот во март, од провинција во провинција.

Повеќе од 2,6 милиони луѓе беа заразени и околу 27.000 лица починаа во Турција, а во декември беше воведеб „локдаун“ за време на викендите, ноќен полициски час и други мерки.

И покрај брзата програма за вакцинирање, дневно се заразуваат помеѓу 6.000 и 8.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски