Над 90.890 мигранти влегле во Хрватска

Од:

Хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од средината на септември до вчера во земјата влегле над 90,890 мигранти, пренесува ХРТ.

Вчера во Хрватска преку граничните премини Товарник и Бапска влегле 3.369 мигранти, а во текот на денот тие со автобуси и возови се пренесени до границата со Унгарија.

Во привремениот прифатен центар Опатовац моментално се сместени 279 мигранти. Иако бегалскиот бран во изминатите денови се намалува, низ Хрватска во просек дневно минуваат околу пет илјади мигранти.

Ситуацијата во Опатовац е стабилна. Мигрантите по пристигнувањето во центарот вршат регистрација и сите други потребни работи, а во просек се задржуваат околу три часа, по што продолжуваат кон Унгарија.

Центарот може да прими над 4.000 мигранти, а според хрватските власти засега не се разгледува можност за градење на цврсти објекти, бидејќи бранот мигранти почнува да се намалува.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари