Над 10 килограми кокаин запленети на турско-бугарската граница

Од:

Турските цариници на граничниот премин Хазабејли-Лесово заплениле 10,8 килограми кокаин во автомобил што од Бугарија влегувал во Турција, јави БТА.

Возилото имало британски регистерски таблички, сопственост на ирански државјанин со иницијали А.Р.С.

Наркотикот бил откриен според уредбата за проверка на превозните средства на граничниот премин кон турска страна. Проверката покажала присуство на поголем товар во возилото.

Врз основа на сознанието, возилото било расклопено. Кокаинот бил спакуван во повеќе пакетчиња  и сместен во бункер во багажникот на автомобилот.

Не се соопштува за вредноста на пратката со кокаин. Таа, меѓутоа, е најголемата заплена на овој граничен премин од почетокот на годината.

Сопственикот на автомобилот бил приведен од полицијата, а потоа дежурен судија наредил тој да биде притворен под обвинение за шверц на наркотици.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица