„Национал“ треба да му плати над 9.000 отштета на Томислав Карамарко

Од:

Општинскиот граѓански суд на Загреб пресуди дека весникот „Национал“ треба да му исплати 70.000 куни (9.135 евра) отштета на лидерот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко, поради објавено интервју во кое се тврди дека тој бил соработник на поранешната југословенска Управа за државна безбедност (УДБА).

Покрај тоа, „Национал“ од своето интернет изадание мора и да го отстрани интервјуто во кое се изнесени ваквите тврдења.

Станува збор за интервју на „Национал“ со поранешниот хрватски премиер и член на ХДЗ, Јосип Манолиќ, кој го обвинува Карамарко, кој е актуелен хрватски вице-премиер, за соработка со тајните служби на поранешна СФРЈ во 80-те години на минатиот век.

Адвокатот на Карамарко, Вељко Миљаниќ најави жалба на судската пресуда, оценувајќи дека одредената отштета е „прамала“.

Покрај против „Национал“, за изнесените тврдења Карамарко поднесе тужба и против Манолиќ во посебен судски процес пред Општинскиот кривичен суд, како и против професорот на загребскиот Факултет за политички науки, Анте Баришиќ, кој во друго интервју ги потврди ваквите обвинувања.

По поднесената тужба против него, Манолиќ изјави дека тоа е „најдобар начин за утврдување на вистината“.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами