Тачи барал взаемно признавање, Вучиќ одговорил дека Србија ја признале сите

Од:

На состанокот на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон се сретнаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи, но заврши без конретен епилог.

Како што неофицијално пренесуваат медиумите, идејата на Макрон била да се обиде да влијае на двете страни да се вратат на преговарачката маса и да се обидат да дојдат до компромисно решение.

– Вучиќ беше отворен и му рече на Макрон дека воопшто не бил заинтересиран Косово да ја признае Србија, затоа што Србија е веќе призната земја од сите земји во светот, пренесуваат медиумите.

Тој на овој начин одговорил на она што го зборуваше Тачи на состанокот, односно на подготвеноста на Приштина „да го продолжи дијалогот, заради постигнување договор што ќе бара взаемно признавање на двете страни“.

Вучиќ кажал дека претставниците на косовската власт не ги почитувале договорите постигнати досега и дека тој затоа не верува дека ќе биде поинаку кога има идни разговори.

– Претседателот на Србија му рече на Тачи дека има уште десет држави кои чекаат да донесат одлука да го повлечат признавањето, бидејќи движењето на независни и слободни земји во светот е посилно и поголемо од ден на ден, пренесува „Блиц“.

Вучиќ после средбата рече дека Макрон на денешната средба со него и Тачи, сакал да ја покаже посветеноста на Европската унија за Косово како проблем на европско тло и дека го повторил ставот на Србија дека дијалогот може да се продолжи доколку Приштина ги укине таксите.

Тој исто така рече дека нема сомнеж дека Франција и Европа сакаат да играат голема улога на Косово, почитувајќи ги Американците и сите други.

– Францускиот претседател го изјави ова пред сè, мислејќи на себе и на германската канцеларка, како и на европските институции. Макрон, сакаше да слушне за ситуацијата на тој ненајавен состанок, а јас бев реален, малку песимистички, отворен и ја кажав вистината, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека Тачи говорел како Владата во Приштина ќе биде формирана на почетокот на декември.

– Јас реков дека нема да биде така, како и вообичаено, па Тачи рече „тогаш, добро, почекајте до јануари“, додаде Вучиќ, истакнувајќи дека ставот на Србија е непроменет и дека ќе го продолжи дијалогот кога Приштина ќе ги укине таксите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ