На 20 октомври „Парада на гордоста“ во Подгорица

Од:

Во црногорскиот главен град Подгорица на 20 октомври за првпат ќе се организира геј парада, соопштија денеска организаторите на собирот.

– Подготовките се во тек, изјави Даниел Калезиќ, еден од организаторите на настанот.

Во полициската станица во Подгорица има тридневниот настан се разгледува од сите аспекти, изјавил министерот за правда, Душко Марковиќ.

„Верувам дека имаме демократски капацитет да помине тој настан во разбирање и толеранција“, додал Марковиќ.

Министерот изразил жалење што Парадата на гордоста не се одржала минатиот викенд во Белград, но рекол дека надлежните органи на Србија имале веродостојни информации во врска со одлуката за забрана на настанот.

Црногорското министерство за правда доби пријава за одржување на геј парадата во Подгорица на 20 октомври.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски