Мустафа: Косово не губи ниту сантиметар на границата со Црна Гора

Од:

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово и поранешен премиер Иса Мустафа тврди дека со потпишанот договор за демаркација на границата со Црна Гора, неговата земја не губи ниту сантиметар од својата територија.

Тој додаде дека е апсурдно да се формира нова комисија за да потврди дека гранцата е на Чакор и Кула.

– Ние треба да ги оладиме главите и да не се занимаваме со индивидуални констатации, туку тоа прашање да им го оставиме на професионални експерти, посочи Мустафа за косовската државна телевизија (РТК).

Тој посочи дека посакувал границата да е со Чакор и Жлеп и оти ќе гласал со двете раце, но, според него, комисијата констатирала дека границата е онаму каде што била порано, а тоа значи дека Косово не губи ни сантиметар од својата територија.

– Убеден сум дека новата комисија нема да открие ништо ново. Прашањето со демаркацијата треба да се реши. Брисел јасно кажа дека тоа е еден од критериумите кои треба да се исполнат, нагласи Мустафа.

Договорот за обележување на косовско-црногорската граница е потпишан во Брсел, во авгсут 2015 година и веќе е ратификуван е од страна на црногорскиот Парламент.

Косовскот парламент и покрај обидите на тогашната влада, на премиерот Мустафа, да го стави на дневен ред не успеа поради насилното однесување на опозицијата.

Актуелниот премиер Рамуш Хараднај, чија партија не се согласува со оваа верзија, ја распушти претходната комисија и формира нова, која на почеток најавуваше брзо разрешување на прашањето, но сега бара повеќе време за прибирање документи и факти.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски