МСП: Отфрлени тужбите за геноцид на Србија и на Хрватска

Од:

Меѓународниот суд на правдата ја отфрли тужбата на Хрватска против Србија и противтужбата на Србија за извршен геноцид на хрватска територија од 1991 до 1995 година.

Како што наведе претседателот на судот Петр Томка, ниту Хрватска ниту Србија не успеале да докажат дека другата страна извршила геноцид.

– Судот ја одбива тужбата на Хрватска. Хрватска не докажа дека станува збор за намера делумно или целосно да се уништат Хрватите. делата кои соодржат actus reus геноцид не се извршени со специфична намера, потребна за делото да се квалификува како геноцид, рече Томка.

Што се однесува на српската противтужба, Томка рече дека МСП оцени дека таа е втемелена и врзана фактички и правно за основната тужба.

Бидејќи Хрватска станала потписничка на Конвенцијата на 8 октомври 1991 година делата извршени во 1995 година, односно за време на „Бура“ се опфатени со Конвенцијата, а за тоа дали судот утврдил дали имало геноцид ќе биде соопштено подоцна.

Но, Томка рече дури и да се докаже дека постоела намера кај хрватските лидери да се истера српското население од територијата на Хрватска, нема докази дека имале за цел физичко уништување на населението.

– Поради тоа судот во целост ја отфрла тужбата на Србија, рече Томка.

Словачкиот судија за време на читањето на пресудата рече дека Србија не може да биде одговорна за дела извршени пред 27 април 1992 година, поради тоа што СРЈ дури тогаш станала членка на Обединетите нации и потписничка на Конфенцијата на ОН за спречување и казнување на геноцид.

Тој наведе дека голем дел од сведочењата кои ги изнела Хрватска пред судот имаат недостатоци, како и дека бројни полициски записници предадени на судот се без потпис од лицата кои ги двале изјавите.

Томка наведе дека МСП се согласува со заклучовите на Хашкиот трибунал, во кои се наведува дека цел на српските единици била насилно да се протераат Хрватите од еден дел на територијата, но не и физички да се уништат.

Пресудата на МСП е конечна и обврзувачка за сите членки на ОН и државите имаат обврска да постапат по неа а немаат право на жалба на одлуката.

Србија од МСП побара операцијата „Бура“ која ја извршија оружените сили на Хрватска да ја прогласи за геноцид врз српското население и таа држава да ја прогласи за виновна поради кршење на Конвенцијата за спречување геноцид.

Освен тоа, со противтужбеното барање Србија предложи МСП со пресуда да ја обврзе Хрватска на репарации на Србите од Краина поради злосторствата кои ги претрпеле во текот на „Бура“.

Овој спор почна во 1999 година со поднесување на хрватската тужба до МСП против Србија, а устната расправа е завршена во април минатата година.

Хрватска, предводена од тогашниот претседател Фрањо Туѓман на 2 јули 1999 година покрена постапка против МСП против тогашна СРЈ поради наводно кршење на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторствата на геновид за време на оружените судири на територијата на таа Република од 1991 до 1995 година. Србија одговори со контратужба десет години подоцна.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска