Москва: Зачленувањето на Црна Гора во НАТО би било избрзано

Од:

Русија смета дека евентуалното зачленување на Црна Гора во НАТО во сегашните услови би претставувало избрзана одлука, изјави рускиот заменик-амбасадор во Подгорица, Владимир Гурко.

– Подгорица треба уште еднаш да ги пресипита предностите и слабостите на зачленувањето (во НАТО), порача Гурко на прес-конференција во Москва.

Тој нагласи дека Москва е „сериозно загрижена“ поради политиката на Црна Гора за „забрзана интеграција“ во НАТО.

– Руската Федерација смета дека проектот за проширување на НАТО во денешно време е во спротивност со реалните потреби во безбедносната сфера. Механичкото проширување на Алијансата, која не ги зема предвид интересите на сите држави од евроазиската заедница, веќе доведе и продолжува да води кон создавање на нови линии на поделби, оцени Гурко.

Според него, концептот на проширување на НАТО е поврзан со „барањето надворешни непријатели“ и дека е насочен кон „реконструирање на железната завеса“ во Европа.

– Зачленување на Црна Гора во НАТО сериозно би ги нарушило односите меѓу нашите две земји и би ги довело во прашање напорите за формирање општоевропска безбедносна архитектура, порача Гурко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт