Монтенегро ерлајнс отпушта странски работници

Од:

Управата на црногорскиот национален авиопревозник соопшти дека од работа ќе бидат отпуштени сите странски државјани како мерка за намалување на трошоците на компанијата.

– Мора да ги намалиме трошоците бидејќи само за станови и останати трошоци на странски работници годишно досега се издвојувале по околу 400.000 вера, изјави претседателката на Одборот на директори на црногорскиот авиопревозник Монтенегро ерлајнс Далиборка Пејовиќ.

Според неа, од компанијата се отпуштени работници од Србија кои покрај останатите биле задолжени за авиомеханика, електронски системи.

Таа доадде дека нема да се отпуштаат работници од Црна Гора. Пејовиќ вели дека дополнителен проблем е и обезбедувањето законски престој на територијата на државата за персоналот од Србија.

Би можело да ве интересира

Србите со ултиматум до црногорскиот премиер-Резолуција за геноцид во Јасеновац или крај за владата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски