Могерини оствари средби со косовскиот политички врв

Од:

Високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедносна политика Федерика Могерини со средба со косовскиот претседател Хашим Тачи ја почна посетата на Косово.

– Посетата на Могерини се случува во најдобар момент за Косово и регионот. Имаме различни предизвици, но исти приоритети, изјави Тачи, додавајќи дека е важно ЕУ да го поддржи целиот регион во аспирациите да стане дел од Унијата.

Могерини се сретна и со претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, со премиерот Иса Мустафа и со лидерите на парламентарните политички партии.

Таа ќе претстојува и Косовска Митровица.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски